Децата питачи во зима редовна слика на раскрсниците

Без оглед дали се минусни температури или најголеми летни горештини деца питачи и жени со бебиња во рацете е сликата која секојдневно ја гледаме на скопските крстосници. Во моментот кога се соочуват со испружени раце кои питачат се соочувате со серија кривични дела меѓу кои прекршување на Законот за заштита на децата. Надлежните институции Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи кои се клучни за решавање на проблемот си ја префрлаат топката.

Сметаме дека носител на активностите треба да биде МВР со што ќе ги евидентира тие лица, а потоа ќе ги упати во Центарот за социјална работа каде што според проценката на стручните тимови ќе ја добијат потребната помош и поддршка. И дали тоа се случува или и понатаму си ја префрлаат топката? За жал не се случува. Зошто ? За жал не би можела да ви кажам немаме такви акции. Единствено социјалните работници излегуваат на терен на овие студови за да згрижат некое семејство, вели Наташа Станоевиќ од Центарот за социјална грижа.

Министерството за внатрешни работи реагира на ваквиот став, нагласувајќи дека се преземаат мерки, секако во координација со останатите надлежни институции.

Можам да кажам дека минататата година во Секторот за внатрешни работи Скопје евидентирани се десетина кривични дела по член 201 став 2 од Кривичниот законик на Р.М. Односно родител посвоител, старател или друго лице кое присилувал малолетно лице на работа која не одговара на неговата возраст и физичка сила или од користољубие го наведува на питање и други дејствија што се штетни за неговиот развиток, вели портпаролот ан МВР Тони Ангеловски.

Специјализиран тим кој работи 24 часа по пријава на граѓани и здруженија реагира на терен, вели Станоевиќ. Доколку има малолетни питачи се згрижуваат во згрижувачки семејства, возрасни лица со малолетни деца се опоменуваат дека ќе се преземат мерки. Во меѓувреме е нелогично да го казнувате семејството, а да немате што да му понудите како решение на проблемот, вели Станоевиќ.

Социјалните работници ги информираат да им укажат на тоа дека некои од нив кои не се активни на пазарот на трудот треба да се активираат бидејќи во тек е годишната обнова на документи и со обновувањето на таа документација и со прибирање на сите овие документи бидејќи со наредната исплата се надеваме бидејќи Законот е во собраниска процедура и се надеваме дека ќе биде брзо изгласан, додава Станоевиќ.

Со измените на Законот за социјална заштита се оди кон тоа: родителите да бидат вработени, децата редовно да бидат запишни во училиште, со што ќе зимаат гарантиран месечен приход со што ќе може да функционира тоа семејство. Во 2000-та година Собранието на Република Македонија ја ратификуваше конвенцијата на Меѓународната организација за труд 182 за итно спречување на најлоши форми на злоупотреба на детскиот труд. За жал и по деветнаесет години доволно е само да поминете неколку крстосници во градот и да сфатите дека надлежните институции затаиле.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ