Дешамп најдобар селектор, Зидан прв меѓу тренерите

Селекторот на француската  фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп е прогласен за најдобар селектор во изборот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика.

Предводникот на триколорите освои вкупно 304 бода, 106 повеќе од Хрватот Златко Далиќ додека трет со 84 бода е Шпанецот на чело на селекцијата на Белгија Роберто Мартинез.

Наградата за најдобар тренер му припадна на Зинедин Зидан, Јирген Клоп од Ливерпул ја освои втората позиција, а трет е Жозеп Гвардиола.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ