Дербито на Истокот за Милвоки, Торонто останува на врвот

Во дуелот на двете најдобро пласирани екипи на Истокот, Милвоки како гостин го совлада Торонто со 104:99 и на лидерот му го нанесе вториот последователен пораз.

Јанис Адетокумбо мечот го заврши со 19 поени, 19 скока и шест асистенции, Брук Лопез беше стрелец на 19, а Малколм Брогдон постигна 18 поени.

На спротивната страна Серж Ибака имаше учинок од 22 поени и шест освоени топки под обрачите додека Кавај Ленард забележа 20 поени и осум скока.

Шарлот славеше со 119:107 во мечот против Њујорк, кој го забележа четвртиот пораз во низа и е далеку од борбата за влез во разигрувањето за титулата.

Кемба Вокер имаше 25 поени и шест додавања,  Џереми Лемб постигна 19, а Тони Паркер 16 поени.

Во поразениот тим Кевин Нокс впиша 26 поени и 15 скока додека Тим Хардавеј додаде 21 поен и пет асистенции.

Во останатите два натпревари Сан Антонио ја совлада Јута со 110:97, а Њу Орлеанс триумфираше на гостувањето против Детроит со 116:108.

 

НБА ТАБЕЛА

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. ОКЛАХОМА 24 16 8 0.667
2. ГОЛДЕН СТЕЈТ 27 18 9 0.667
3. ДЕНВЕР 26 17 9 0.654
4. ЛА КЛИПЕРС 25 16 9 0.640
5. ЛА ЛЕЈКЕРС 26 16 10 0.615
6. МЕМФИС 25 15 10 0.600
7. ПОРТЛАНД 26 15 11 0.577
8. ДАЛАС 24 13 11 0.542
9. САКРАМЕНТО 25 13 12 0.520
10. ЊУ ОРЛЕАНС 28 14 14 0.500
11. МИНЕСОТА 26 13 13 0.500
12. ЈУТА 27 13 14 0.481
13. САН АНТОНИО 27 13 14 0.481
14. ХЈУСТОН 25 11 14 0.440
15. ФЕНИКС 26 4 22 0.154

 

 

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. ТОРОНТО 28 21 7 0.750
2. МИЛВОКИ 25 17 8 0.680
3. ФИЛАДЕЛФИЈА 27 18 9 0.667
4. ИНДИЈАНА 26 16 10 0.615
5. БОСТОН 25 15 10 0.600
6. ДЕТРОИТ 24 13 11 0.542
7. ШАРЛОТ 26 13 13 0.500
8. ОРЛАНДО 26 12 14 0.462
9. МАЈАМИ 25 11 14 0.440
10. ВАШИНГТОН 26 11 15 0.423
11. БРУКЛИН 28 10 18 0.357
12. ЊУЈОРК 28 8 20 0.286
13. КЛИВЛЕНД 26 6 20 0.231
14. АТЛАНТА 26 6 20 0.231
15. ЧИКАГО 27 6 21 0.222
Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ