Демонстрации во САД со барање да продолжи истрагата за руското мешање во претседателските избори

Неколу стотици луѓе протестираа во Њујорк со повици да се заштити истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за потенцијално вмешаност на Русија во претседателската кампања на Доналд Трамп.

Пред да поминат ниц центарот на градот, демонстрантите на Тајмс сквер извикуваа „Подалеку рацете од Малер“, „Никој не е над законот“, носејќи транспаренти со кои бараа Трамп и Пенс да заминат.

Слични протести беа организирани и во други градови во САД. Организаторите истакнуваат дека назначувањето на Метју Витакер за главен обвинител, дури и привремено, „е смислен обид за опструкција на истрагата на специјалниот обвинител“.

Претседателот на САД Доналд Трамп завчера го разреши Џеф Сешнс од функцијата главен обвинител на САД.

На ваша молба, поднесувам оставка, се вели во текстот на изјавата на Сешнс испратена до Белата куќа.

Трамп на Твитер објави дека за в.д. министер за правда е назначен Метју Витејкер, досегашен шеф на Кабиентот на Сешнс.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ