Дехари и Петков го комплетираа квалификацискиот слалом

Само двајца од четирите претставници успеаа да ги комплетираат двете трките од денешните квалификации во слалом на Светското првенство во скијање. Дардан Дехари го освои 43-тото место, Виктор Петков беше 57-ми, а Лука Божиновски и Антонио Ристевски не го комплетираа второто возење.

Најдобар пласман по првата трка имаше Ристевски кој беше на 35-тата позиција. Заврши и слаломот во женска конкуренција, а златото и припадна на Микаела Шифрин.

Американката во двете трки имаше вкупно време од 1 минута 57 секунди и пет стотинки. Втора со заостанување од 58 стоти дела беше Ана Ларсон Свен од Шведска, а бронзата и припадна на Петра Влхова од Словачка. Водечката по првата трка Венди Холденер од Швајцарија направи грешка на стартот од второто возење и на крајот заврши на 17-тото место.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ