Дебата за законот за работни односи

200.000 работници годишно потпишуваат договори на определено време, но работодавците наместо во утврдениот законски рок да им го трансформираат работниот однос на неопределено, со години ги вработуваат на овој начин.

Од синдикатите бараат да се органичи бројот на работници на определено работно време кај еден работодавач.

Од синдикатот за индустрија, енергетика и рударство велат дека има фабрики со илјадници работници, кои вакви договори склучуваат на еден, два или три месеци.

Работодавците на денешната дебата за новиот закон за работни односи на третата Текстилијада сметаат дека и стариот закон не е толку лош, но од новиот очекуваат допрецизирања во одредени делови, бидејќи секој си дозволува различно да го толкува .

Организација на работодавачи  се против злоупотребата на работничките права во одредени фирми, а веќе се и под притисок на странските партнери ова да го анулираат.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска смета дека со законот кој е  во изготовка  веќе една година не треба да се брза, се со цел да се донесе европски, но и прецизни одредби.

Очекува на одредени точки за кој сега не е постигнат конзезус меѓу синдикатите, невладини и работодавците да се решат на јавна дебата.

На третата Текстилјада во Штип во организација на Гласен Текстилец на отворените дебати на коишто запрвпат присуствуваат сите засегнати страни беше потенцирано дека дијалог мора да има.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ