Данска се прости од ЕП со победа против Русија

Данска уште пред да истрча на терен ја знаеше својата судбина, а тоа е дека нема шанси за прогрес во главната фаза, откако Унгарија го совлада Исланд и овие две репрезентации ги освоија првите две места во групата Е.

Данска победи со 31-28, но тоа беше пирова победа на актуелниот светски и олимписки шампион.

Русија на полувремето водеше со 15-12, но Данска стартуваше со серија од 4-0 на стартот на второто полувреме и тоа најмногу благодарение на играта „седум на шест“.

Данците постојано го одржуваа водството во второто полувреме, а Русија немаше сили за позитивен резултат.

Микел Хансен со седум голови и пет асистенции беше најдобар во составот на Данска, додека Никлас Ландин на голот имаше 11 интервенции. Игор Сорока со шест голови беше најефикаесен кај руската репрезентација.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ