Даночен календар и сузбивање на сивата економија, бараат бизнисмените

Воведување „даночен каландар“ кој за бизнисот ќе обезбеди попредвилива деловна клима, како и намалување на сивата економија, отстранување на недоследностите од законите за извршување и за холдинг друштва, побараа бизнисмени од Стопанската комора на Македонија  денеска на средба со министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Имаме пет барања коишто се однесуваат на клучни прашања што биле третирани во изминатиот период, за Законот за холдинг друштва, за член 218 од Законот за извршување, за признанените расходи, имаме иницијатива којашто се однесува на плаќање на ДДВ и негово враќање при влез на суровините. Ќе разговараме за овие прашања коишто биле континуирано третирани во изминатиот период како и што може да се направи затоа што тоа ќе донесе бенефит за целата економија, ќе дојдат нови инвеститор,и а и домашните ќе се охрабрат да инвестираат, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ