ДАНИЛО БРЕСТОВАЦ ОФИЦИЈАЛНО Е НАЗНАЧЕН И ПРОМОВИРАН ЗА НОВ СЕЛЕКТОР

ДАНИЛО БРЕСТОВАЦ ОФИЦИЈАЛНО Е НАЗНАЧЕН И ПРОМОВИРАН  ЗА НОВ СЕЛЕКТОР НА МАШКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА.АКТУЕЛНИОТ ТРЕНЕР НА МЕТАЛУРГ ДОАЃА НА МЕСТОТО НА РАУЛ ГОНЗАЛЕС.ТОЈ Е ПРВ МАКЕДОНСКИ СТРУЧЊАК КАЈ СЕНИОРИТЕ ПОСЛЕ ОБРВАН,.ЧЕРВАР И ШПАНЕЦОТ ОД ПСЖ.БРЕСТОВАЦ  НАЈАВИ НОВИНИ ВО ИГРАТА,А КАКО ПРВ ПРЕДИЗВИК ЌЕ БИДАТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ПЛАСМАН НА ЕП ВО 2020.

 

Данило Брестовац до јуни паралелно ќе извршува две функции – тренер на Металург и селектор на кадетите и сениорите.

Благодарност до претедателот и до комисијата која одговори позитивно на мојата кандидатура. Сето тоа што го имам зад себе ми дава за право да се надевам на остварување на мојот сон. Имам соработка со РФМ подолго време, мислам дека за мене е нормално да се нафатам на овој предизвик, иако во разговорите со мои блиски, некои  ми сугерираа дека не ми е време. Мислам дека не ми е рано. Со некои од момците сум играл, некои сум ги тренирал, па полесно ќе ја направам фузијата на играчите што се во заминување и оние во доаѓање. За краток период ќе го формирам и мојот стручен штаб“, вели Брестовац.

Брстовац ќе дебитира на 10 април во Рејкјавик,против Исланд во меч од 4.коло во квалификациите за ЕП 2020 година.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ