Далас ја прекина победничката серија на ЛА Клиперс

Кошаркарите на Далас го совлада Лос Анџелес Клиперс и ја прекинаа победничката серија на лидерот во Западната конференција.

Далас славеше со 114:110 и на противникот му го нанесе првиот пораз по четири последователни победи. Херисон Барнс забележа 30 поени и девет скока додека Џеј Џеј Бареа беше стрелец на 24 поени. Во поразениот тим Патрик Беверли имаше учинок од 23 поени и 10 освоени топки под обрачите.

Сан Антонио по два порази во низа го совлада Портланд со 131:118, а најзаслужен за триумфот беше ДеМар ДеРозан со 36 поени, осум скока и девет асистенции

 

НБА РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Њу Орлеанс                 109:119

Мајами – Јута                                   102:100

Филаделфија – Мемфис             103:95

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ