Да се почне сопствен бизнис се уште се смета за работа на мажите

Секој почеток е тежок, со бројни предизвици и дилеми  пред кои многумина би се повлекле, но жените претприемачи им пркосат на сите стереотипи дека занаетчиството и почнувањето сопствен бизнис во оваа средина се понаклонети кон мажите. Жена занаетчија и креативец, вели за себе Јулијана Јакимовска која со својот филигран умее да ги привлече не само домашните потрошувачи, туку и голем број странци.

  • Интересот е голем  да, но на почетокот не беше така. Додека луѓето осознаат што е филигранска техника, која постои од времето, но ние вметнавме нов начин на изработка на мотиви, сепак се задржавме и на традицијата, Јулијана Јакимовска, филигранистка.

Во време на стереотипи колку беше тешко да се успее како жена занаетчија ?

  • Тешко е меѓутоа вербата во себе и трудот што се вложува, но и поддршката од семејството.  Ова нас ни е семеен бизнис со сопругот каде што двајцата опстојуваме со ова, двајцата работиме, така што кога се сака се се може, вели Јакимовска.

Жените денес се присутни во повеќе занаети, кои претходно биле на некој начин повеќе врзувани за мажите.

  • Жените се многу покреативни во она што го работат, со поголема софистицираност кога работат … Мажите знаете на брзина работат, а жените што наумиле тоа ќе го направат, вели Никола Петров, од Занаетчиска комора Скопје.

Марина Јакшиќ филигранист заедно со својата ќерка која е дипломиран уметник создаваат уникатен накит. Со обуките за филигран во Занаетчиската комора и грантовите кои ги добиле денес можат да се пофалат дека нивниот сон е реалност. Регистрирајќи се  преку програмата за самовработување сега  имаат два занаетчиски бизниси.

  • Тие грантови се помош во репроматеријали, во машини и во сето тоа што е потребно за да се изработи филигран  и  многу потребно. Затоа што ти кога ги имаш тие машини ти си самостоен, жици, сето тоа што е потребно околу филигранот можеш сам да си ги изработиш и сето тоа така почна, вели Марина Јакшиќ, од ателје Марјак.

Жените претприемачи со поддршка на Сојузот на микрофинансиски организации кој го импленетира проектот на УСАИД за инклузија и иновации во микрофинансирањето, заедно со Занаетчиска комора Скопје покажаа низ своите животни приказни дека успехот во голем дел зависи и од начинот на кој се соочувате со родовите стереотипи во едно општество.

 

Нина Стефанова

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ