ЧИЛЕ УБЕДЛИВ НА СТАРТОТ ОД КОПА АМЕРИКА

Репрезентацијата на Чиле како бранитетл на титула на Копа Америка ја стартуваше  кампањата  за трет наслов во низ  со убедлива победа против Јапонија.На стадионот во Сао Паоло,чилеанците славеа со 4-0 .Фаворитот  поведе  во 41. минута преку Пулгар и уште на три пати ја матираше одбраната на Јапонија.Во 54. минута Варгас на асистенција на Исла зголеми на 2:0.Во 82.-та,   Санчез со глава го совлада Осака и веќе во следната минута , фудбалерот на Манчестер Јунајтед беше асистент на вториот гол на Варгас.Копа Маерика продолжува со 2.коло кое го отвараат  Боливија-Перу и Бразил-Венецуела.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ