Четворица основци во Битола се самоповредувале предизвикани од опасните интернет игри „Момо“ и „Синиот кит“

Четворица основци кои учат во ОУ „Коле Канински“ во Битола се самоповредувале предизвикани од опасните интернет игрите „Момо“ и „Синиот кит“, кои се популарни меѓу младите. Ова го потврдува и директорот на училиштетот и напоменува дека ниту еден од овие случаи не се случил во училиштето, туку децата се сечеле по рацете дома или на некаде надвор.

Се самопроведуваат од интеренет игра „Плавиот кит“. Имаа посекотни, дали беа серозини или не знам, може различно да се толкува вели директорот на ОУ „Коле Канински“, Зоран Мирчевски.

За овие немили настани, наставниците и директорот открили низ разговор со останатите ученици, откако било забележено чудно однесување на некои нивни другарчиња. Се ангажирале стручните служби во училиштетот, билe повикани родителите, а некои од нив побарале помош и во Центарот за социјални работи.

Сето тоа не беше во рамките на училиштетотo,  но ние го откривме овде и како воспитно образовна институција веднаш реагиравме. Ги известивме и ги повикавме родителите, им предочивме за однесувањето на нивните деца, разговаравме со родителите и децата, вели Зоран Мирчевски, директор на ОУ Коле Канински-Битола

Неофицијално дознаваме дека  вакви случаи има и во другите основни училишта во Битола, а на опасните интернет игри кои ги наведуваат децата да станат жртви се  навлекуваат основците од повисоките класови. Сите ученици  кои се самоповредувале предизвикани од овие игри се  со одличен успех и од функционални семејства.   Во училиштата во Битола се одржуваат родителски средби, се разговара со родителите и учениците, а некои семејства биле  шокирани што не го забележале чудниот однос на децата, ниту посекотинте на нивните раце. Сепак битолчани се загрижени од оваа појава која станува тренд меѓу младите, но од битолската полиција тврдат  дека кај нив досега не бил пријавен ниту еден случај.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ