Четири години суспензија за олимпискиот првак од Пекинг

По последната проверка на примероците земени во текот на минатата година потврдена е казната на поранешниот олимписки шампион на 1500 метри од Пекинг, Асбел Кипроп.

Анализата покажа дека кенискиот атлетичар бил позитивен на еритропоетин и е суспендиран на четири години, а казната почнува да се смета од трети февруари 2018 година. Според одлуката на Светската атлетиска федерација на Кипроп му се бришат сите резултатит од 2017-тата.

Во текот на кариерата Кипроп има вкупно осум медали од големите натпреварувања, но сите се освоени пред 2017 година и ќе останат во негова сопственост. Покрај златото во Пекинг, Кипром има и три злата на 1500 метри на Светските првенста во Даегу, Москва и Пекинг.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ