Чешките компании сметаат дека е подобро да им дадат работа на македонските компании, отколку да увезуваат работна сила

Недостигот на работна сила и ниската стапка на невработеност од само 2,6 отсто на Чешка и прави сериозни проблеми во делот на развој на стопанството. Текстилната индустрија веќе подолго време им е во стагнација. Чешките компании кои исплаќаат просечна плата од над 700 до 1.000 евра сметаат дека решението за нивниот проблем е подобро да им дадат работа на македонските компании, отколку да увезуваат работна сила. Искуството со увоз на работници од Украина се покажало како погрешно.

Македонските компании кои исто така тешко наоѓаат работници, поради ниските плати во овој сектор и  демотивираноста на младите сметаат дека ова е шнаса да се преонтираат во производството на заштитна облека и униформи, но и соработка во техничкиот текстил.

Чешките и македонски компании во наредните два дена на Бизнис формуот  во Штип ќе разменуваат искуства, но и ќе имаат шанса да воспостават контакти за  соработка.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ