ЧЕРВАР ГИ ОДРЕДИ ПАТНИЦИТЕ НА СП,ЈАГАЊАЦ ГО МЕНУВА ПОВРЕДЕНИОТ ШУШЊА

Лино Червар селекторот на Хрватска која е противник на Македонија на СП ,денеска откри дека  во Минхен   ќе носи 18 ракометари ,поточно и две замени покрај 16 играчи  кои ќе ги пријавува пред секој меч. Стратегот под чие  водство Македонија на мундијалот во Франција  2017 година го освои 11 место,  ќе смета и на Халил Јагањац.Поранешниот ракометар на Металуг влезе во составот на местото на  повредениот Леон  Шушња.Претходно Червар  ги отпиша Филип Ивиќ и Лука Шебетиќ.Во 1.коло на СП,Хрватска ќе игра против Исланд а на 14 јануари  со Македонија.

СОСТАВ:

ГОЛМАНИ: Марин Шего, Иван Стевановиќ

ЛЕВИ КРИЛА: Мануел Штрлек, Давид Мандиќ

ДЕСНИ КРИЛА: Златко Хорват, Иван Вида

ПИКЕРИ: Жељко Муса, Марин Шипиќ, Крешимир Козина

ЛЕВИ БЕКОВИ: Дамир Бичаниќ, Иван Слишковиќ, Халил Јагањац, Ален Блажевиќ

СРЕДНИ БЕКОВИ: Домогој Дувњак, Лука Циндриќ, Игор Карачиќ

ДЕСНИ БЕКОВИ: Лука Степанчиќ, Јаков Вранковиќ

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ