Филмови

ФИЛМОВИ ОД МАКЕДОНСКИ ПРОДУЦЕНТИ

ЧЕТВРТОК  06.01 2021 – 19:15 

ЛОВЦИ НА ВЕШТЕРКИ  (Авантура, Фантазија)

„Ловци на Вештерки“ е приказна за Јован и Милица, кои се запознаваат кога Милица ќе се запише во одделението на Јован. За да не го повредуваат емотивно останатите деца, Јован си има изградено свој имагинарен свет во кој Милица малку по малку успева да се пробие. Таа го повикува на авантурата за ослободување на нејзиниот татко од неговата нова жена, нејзината маќеа, за која верува дека е вештерка која го маѓепсала нејзиниот татко.

ПЕТОК 07.01 2021 -19:15 

СТЕЛА – ИГРАН ФИЛМ

„Стела“ е приказна за едно куче – шарпланинка, едно дете и еден дедо. Звучи идилично, но не е… Откако детето Николa ќе се обиде да се самоубие поради „булинг“ во училиштето, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствената која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори. Доволно е неговото постоење и среќна е од неговата близина. Детето ќе почне да се поистоветува со неа, па неговиот глас може да се слушне единствено кога лае. Дедото, кој избегал од луѓето да живее сам на бачилото, неволно ќе го прифати Никола за во текот на оваа авантура да станат семејство бегајќи од своето вистинско семејство. Не знаејќи, со тоа ќе се доближат до она од што бегаат, но сега променети ќе можат да продолжат со животот или мирно да заминат од другата страна на вечноста.

САБОТА  08.01.2022  – 22:15

ЕФЕКТ НА СРЕЌА – драма

Ефектот на среќа” е урбана драма за универзалната потрага по среќата. Леа е млада девојка на раб меѓу животот и смртта. Таа го почнува нејзиниот последен предизвик, теза која бара доказ во верувањето дека среќата може да се пренесува, исто како и чувството на тага, осаменост и мизерија. Преку еклектичен, индивидуалистички пристап во експериментирањето и моќта на позитивното размислување се откриваат врските и равенките кои можат да водат до ултимативна среќа. Глумци: Дејана Попоска, Сашко Коцев, Ана Стојановска, Сара Анастасовска, Петре Арсовски, Мими Таневска, Јовица Михајловски. Режија: Борјан Зафировски.

НЕДЕЛА 09.01. 2022  – 22:15 

ЏГАН  – (Криминалистички/ Драма)

Низа од свирепи околности претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, што им нанел само болка и страдање. Светот во кој за нив, постои само едно, заедничко име – Џган.

Глумци:  Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула, Никола Ристановски, Љупчо Тодоровски, Сара Климовска, Адем Карага, Борис Дамовски, Игор Стојчевски… Режија:  Вардан Тозија

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

НАДВОР ОД СИТЕ СОМНЕЖИ – недела, 31 март 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ТУНЕЛОТ -сабота, 30 март 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ПАТНИЦИ ВО НОЌТА – сабота, 30 март 2024 – 19:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе