Бугарија потврди изградба на гасовод од гранцата со Турција до Србија

Бугарските власти соопштија дека планираат градење нов гасовод што ќе минува низ државата од границата со Турција до Србија со цел да се искористи транзит на руски гас преку идниот гасовот Турски поток. Бугарија се залага да користи руски гас преку Турскиот поток што ќе минува под Црното Море за да се заобиколи Украина.

Државното претпријатие Булгартрансгас претстави план – до крајот на оваа година да почне една делница од градењето на својот гасовод во вкупна должина од околу 500 километри.

Проектот е вреден 1,4 миллијарди евра и беше одобрен синоќа од Парламентот. Руски Газпром ја поздрави бугарската иницијатива. Изградбата на Турски поток би требало да биде завршена во крајот на 2019 година.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ