БРИТАНЦИТЕ ДОМИНИРААТ НА ТУР Д’ ФРАНС,ПОБЕДА НА ГЕРЕЈНТ ТОМАС

Британецот Герејнт Томас е победник на 105 издание од најпрестижната велосипедска трка на светот Тур Д’ Франс.

Велосипедистот на Скај ,денешната 21 последна етапа со финиш на Елизејските полиња во  Париз, ја мина ревијално со успешна одбрана на предноста од 1 минута и 51 секунда пред холанѓанецот Том Думулан.Третото место  го освои Крис Фрум,ланскиот шампион на трката  кој го загуби победничкиот ритам на  Пиринеите.Најбрз на завршните 116 километри од Улие до Париз беше норвежанецот Александар Криштоф со време од 2.46. 32 годишниот Томас роден во Кардиф,  е третиот Британец кој трумфирал на Тур Д’ Франс во последните шест години по Бредли Вигинс и Крис Фрум.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ