Британскиот премиер Борис Џонсон на интензивна нега поради коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон бил примен на интезивна нега во болницата Сент Томас во Лондон откако претходно бил задржан за дополнителни испитувања. 55 годишниот Џонсон кому заедно со неговата партерка пред 10 денови им беше потврден вирусот, бил примен во болница откако му се влошила состојбата, потврдија од британската влада.

Исто така од Даунинг стрит 10 соопштија дека Џонсон на премиерската позиција ќе го заменува министерот за надворешни работи Доминик Раб.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ