Британските пратеници денеска повторно ќе гласаат, овој пат за одложување на излезот од ЕУ

Британските пратеници денеска повторно ќе гласаат. Овојпат за дозвола од ЕУ за одложување на излезот од европското семејство кој е закажан за 29 март. Денешното гласање следува откако синоќа беше одбиен амандманот Брегзитот да биде спроведен без договор.

Одбиен е предлогот унијата да се напушти на 22 мај, што е пред изборите во ЕП. Британските пратениците сметаат дека до овој датум нема да можат да се решат некои важни прашања. Па според тоа, премиерката Тереза Меј ќе бара одложувањето да биде до 30-ти јуни. Во меѓувреме тензично пред парламентот каде се поддржувачите Британија да остане во унијата. Довербата кај граѓаните кои постојано ги следат случувањата во парламентот опаѓа.

  • Јас не сум среќен, бидејќи она што се случува е засекогаш и дека треба да бидеме надвор, ако е до нас ние гласавме. Не знам за што гласаат пратениците. Но би требало да бидеме надвор, ако гласавме треба да одиме. Така се чувствувам. Но ќе видиме што ќе се случува сега, тоа гласање може да трае осум години, вели Енди Овен.
  • Тие (британските политичари) не живеат во реалниот свет и не знааат како живеат другите луѓе. Тие доаѓаат, знаете, и тоа го правата само заради себе, не за добробитта на другите, смета Џун Чешиер.

Европскиот парламент веќе го комплетираше пакетот 11 мерки кои Унија ќе ги активира веднаш ако Велика Британија реши да ја напушти Унијата на 29 март без договор, што би довело до промена на процедурата преку ноќ. Мерките се повеќеслојни и покриваат повеќе области од воздушниот, морскиот и патниот сообраќај до статусот на странските студенти. ЕУ стравува од дополнителе хаос и го предупреди Лондон дека опциите му се ограничени.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ