Британските пратеници денеска ќе гласаат за Договорот за Брегзит

Британските пратеници денеска треба да го одржат „критичното“ гласање за планот на Брегзит на премиерката Тереза Мај, откако таа во последен миг успеа да обезбеди “правно обврзувачки” уверувања од Европската унија. Ова е последен обид на Меј да ги придобие пратениците од британскиот парламент да гласаат за договорот, но тие уште еднаш се заканија дека нема да го поддржат. Правно обврзувачкиот договор всушност е додаток на претходно постигнатиот договор меѓу Меј и ЕУ во минатата година и предвидува заштитен механизам со кој се гарантира дека границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска ќе остане отворена и по излезот на Британија од ЕУ. Јункер порача дека Британија мора да ја напушти унијата до европските избори на 23 и 26 мај, или во спротивно ќе мора да избере свои пратеници за ЕП.

  • Во политиката понекогаш добивате и втора шанса, а тоа е она што го правиме со оваа втора шанса што се брои, бидејќи нема да има трета шанса, нема да има понатамошно толкување на толкувањата и нема понатамошни гаранции за гаранциите, ако важното гласање утре не успее. Да бидеме кристално јасни за изборот, или овој Договор, или Брегзит може и да не се случи, рече претседателот на ЕК, Јункер.
Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ