Британскиот министер за финансии поднесе оставка, Џонсон разреши четворица министри

Британскиот министер за финансии  Саџид Џавид денеска поднесе оставка, седум недели по Брегзит и еден месец пред да го достави  годишниот буџет до Владата.

Портпаролот на Џавид потврди дека тој ја напушта функцијата кога премиерот Борис Џонсон започна со реконструкција на својот Кабинет.

Џонсон, кој најави дека ќе формира тим за да се исполни неговата визија за Велика Британија по Брегзит, денеска разреши четворица министри, пишува британскиот весник „Лондон Ивнинг Стандард“.

Првиот член на кабинетот што го отпушти е министерката за Северна Ирска, Џулијан Смит, што, како што пренесуваат британските медиуми, е изненадувачки потег со оглед на пофалбите што ги доби за неговата улога во решавањето на тригодишната криза за време на која покраината беше без влада и парламент.

Како што пренесува Би-Би-Си, премиерот Џонсон ги разреши од должност и Андреа Ледсом и Естер Меквеј, министерки за бизнис и за домување, како и министерката за животна средина Тереза Вилерс.

Џонсон побарал и од државниот обвинител Џефри Кокс да поднесе оставка.

Ова е прва голема реконструкција на Владата на Џонсон откако тој победи на изборите во декември 2019 година.

Покрај реконструкција на кабинетот, Џонсон треба да го именува и претседателот на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации, што ќе се одржи во ноември во Глазгов.

Планирањето на настаните почна по минатонеделното отпуштање на министерката Клер О Нил, која беше задолжена за организација.

Како што пренесуваат светските агенции, конзервативната администрација на Џонсон сега се соочува со уште еден голем предизвик, бидејќи до крајот на годината треба да постигне трговски договор со ЕУ

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ