БРИТАНСКИОТ МАГНАТ РЕТКЛИФ ВО НОВА ОФАНЗИВА ЗА ЧЕЛЗИ

Според Тајмс,најбогатиот британец , Сер Џим Ретклиф  останува заинтересиран за купување на Челзи.Сопственикот на клубот од Стемфорд бриџ,рускиот милијардер  Роман Абрамович е дистанциран поради политички проблеми и најави дека ќе го продаде клубот.Тој има проблем да добие виза поради влошувањето на односите помеѓу Велика Британија и Русија.

Вредноста на богатството на Ретклиф е проценето на  21 милијарда фунти. Тој неодамна стана сопственик на  велосипедскиот тим Скај, кој на крајот на оваа година своето име ќе го промени во Инеос, гигантот за петрохемиска индустрија, кој е во негов посед.Можноста да ја зголеми понудата до Абрамовиќ се укажа откако Ретклиф најави преселба од Велика Британија  во Монако каде би заштедил 4 милијарди фунти на  даноци.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ