Британија се движи кон варијантата „мек Брегзит“

По бурната недела во лондонскиот парлемент, Британија како да се движи кон варијантата „мек Брегзит“. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск смета дека ЕУ треба да и дозволи на Велика Британија да го одложи Брегзитот.

Во својот твит, тој вели дека во консултации пред самитот на лидерите на ЕУ во Брисел идната седмица, ќе ги повика лидерите на 27-те земји членски на ЕУ, да бидат отворени за продолжување на рокот ако Обединетото кралство заклучи дека му е потребно да ја преиспита Брегзит стратегијата и да изгради консензус околу тоа.

Британските пратеници денеска повторно ќе гласаат. Овојпат за дозвола од ЕУ за одложување на Брегзитот за три месеци, откако синоќа беше одбиен амандманот за излез без договор. Но повикот на Тиск нема лесно да ги разубеди европските лидери.

  • Жалам за повторното гласање во британскиот парлемент и мораме да знаеме каква е намерата на британскиот парламент и кои се одлуките на британските власти. Не сум сигурен дека ни е потребно повеќе време. Повеќе ни треба одлука, но не и повеќе време. Сега ни треба одлука, вели Шарли Мишел, премиер на Белгија.

Премиерката Тереза Меј ќе бара одложувањето да биде до 30-ти јуни. Во меѓувреме тензично пред парламентот каде се поддржувачите Британија да остане во унијата. Довербата кај граѓаните кои постојано ги следат случувањата во парламентот опаѓа.

  • Тие (британските политичари) не живеат во реалниот свет и не знааат како живеат другите луѓе. Тие доаѓаат, знаете, и тоа го правата само заради себе, не за добробитта на другите, рече Џун Чешиер.

Европскиот парламент веќе го комплетираше пакетот 11 мерки кои Унија ќе ги активира веднаш ако Велика Британија реши да ја напушти Унијата на 29 март без договор, што би довело до промена на процедурата преку ноќ. ЕУ стравува од дополнителе хаос и го предупреди Лондон дека опциите му се ограничени.

Билјана Стварова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ