Бришковска вели запрепастена е од сведочењето на Нинџа

Поранешната заменичка министерка за правда Билјана Бришковска Бошковска, ја негира вистинитоста на исказот на Александар Василевски Нинџа, даден за време на денешното судење за настаните од 27 април. Василевски денеска во судницата сведочеше дека Бришковска контактирала со Вељаноски, кому му наредила пратениците да ги отворат вратите од Собранието.

Во врска со наводите пренесени во медиумите од сведочењето на обвинетото лице Александар Василевски, можам само да изјавам дека сум запрепастена од невистинитоста на исказ на сведокот кој се однесува на мене и целосно го отфрлам како неточен.

Бришковска е обвинета и во предметот „Титаник“ на СЈО за изборните нерегуларности.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Македонија

Екс-министрите Јанакиевски и Ристовски нападнати од Лирим Красниќи и Есад Кафеџоли, и двајцата осудени на 40-години затвор за Диво Насеље

Напад, раскрвавени глави и вербални провокации зад решетките во Шутка. Предизвикаа политички обвинувања и обид...