Брестовац: Треба да ризикуваме едно големо натпреварување за повторно да имаме силна репрезентација

Во репрезентацијата ќе има уште многу работа, без разлика кој ќе биде селектор – изјави селекторот Данило Брестовац веднаш по натпреварот против репрезентацијата на Австрија.

Тој вината за поразот во клучниот натпревар ја лоцира во нападот и слабата реализација. Примивме 32 гола во нашата мрежа што е најголем број споредено со останатите два натпревари, но селекторот е задоволен од играта на одбраната на својот тим против денешниот противник.

Брестовац смета дека Македонија ќе има силна ракометна репрезентација во догледно време, но за тоа да се случи треба најпрво да ризикуваме едно големо натпреварување.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ