Брестовац го скрати списокот на 18 имиња

Во пресрет на двата квалификациски дуели против Исланд што ќе се одиграат следната недела селекторот на машката ракометна репрезентација Данило Брестовац го скрати списокот на играчи кои се во комбинација за настап во националниот тим.

Брестовац се реши на подготовките да повика само двајца голмани и во конкуренција останаа искусните Борко Ристовски и Никола Митревски.

На списокот на играчи кои треба да се јават на првата прозивка пред почетокот на тренинзите 11 ракометари настапуваат во домашното првенство, петмина се од Металург, двајца од Вардар, четири го носат дресот Еурофарм Работник, а листата на интернационалци покрај двајцата голмани е капитенот Кире Лазаров, кружниот напаѓач Жарко Пешевски, Филип Талески, Велко Марковски и крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.

Собирот е закажан за понеделник, а сите заинтересирани веќе можат да купат влезници за дуелот во Скопје што ќе се одигра на 14 овој месец и тоа по цена од 100 и 200 денари. Двата дуели против Исланд ќе можете да ги следите низ директни преноси на Телма.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ