Брегзитот проблем и за клубовите од Премиер лигата

Брегзитот е топ тема во Велика Британија, а на Островот покрај стравувањата од нови економските и политички проблеми се појавуваат и анализи како тој ќе влијае врз фудбалот и резултатите што ги постигнуваат клубовите од Премиер лигата.

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија може да предизвика големи промени и во националните фудбалски шампионати. Се уште не е јасно дали во Премиер лигата ќе се воведе ограничување на бројот на странски фудбалери што сигурно дека ќе донесе драстична промена во трансфер политиката на клубовите.

Најновата анализа покажува дека домашните фудбалери имаат се помал удел во играта. Имено ако се споредат податоците во последнава деценија падот е евидентен и се зголемува доминацијата на играчите од странство. Во сезоната 2009/2010 домашните фудбалери имале 40 проценти од вкупната минутажа на натпреварите, и постигнале 39 проценти од головите. Десет години подоцна односно во досегашниот тек од сезоната фудбалерите од Англија имаат 35,2 отсто од минутажата, а нивно дело се само 30,7 проценти од головите.

Рекордот е забележан во сезоната 2011/2012 кога се скоро рамноправни со странците и имаат 45,1 процент од минутите, а и постигнале скоро 40 проценти од головите. Во анализата се потенцира дека доминацијата на странците влијае и врз резултатите на националниот тим.

Единствена светла точка е полуфиналето на последното Светско првенство за разлика од катастрофалниот учинок на големите натпреварувања во последниве десет години. Неизвесноста околу

Брегзитот и натаму стои и се уште не е јасно како тој ќе се рефлектира врз клубовите во годината кога сите четири англиски претставници во елитното натпреварување се пласираа меѓу осумте најдобри и во шампионската лига е преземен приматот од Шпанија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ