Бразил и Аргентина во полуфиналето на Копа

Во 110-тото меѓусебно соочување Бразил и Аргентина ќе решаваат за пласман во финалето на континенталниот шампионат.

Двете селекции и покрај настапот во завршницата на турнриот играат далеку под очекувањата и токму од тие причини се очекува вечерва на Минеирао да покажат најдоброто. Кариоките ќе се обидат да ја продолжат успешната низа и по петти пат да стигнат до трофејот кога се домаќини на првенството.

Аргентинците пак најавуваат триумф со кој ќе се прекине низата од пет натпревари на Копа Америка во кои по 90 минути игра не е почувствувана сласта на победата, а последен пат Гаучосите славеле во 1991 кога триумфирале со 3:1.

Во еден од овие пет дуели Аргентина има една победа на пенали и тоа во четврт-финалето во 1993-тата, година во која последен пат се радувале на трофејот на континенталниот шампионат.

Дуелот почнува во 2 часот и 30 минути, а во второто полуфинале утре ќе се сретнат Чиле и Перу.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ