Ботас на пол-позиција за ГН на Австрија

Возачот на „Мерцедес“, Валтери Ботас ќе стартува од пол-позицијата на деветата трка сезонава во Формула 1 шамшионатот што ќе се вози за Големата награда на Австрија.

Финецот на денешните квалификации извози најбрз круг со време 1:03.130 минута. Неговиот тимски колега Британецот Луис Хамилтон ќе му прави друштво во првиот ред од втората позиција.

По тандемот на „Мерцедес“ ќе стартува двоецот на „Ферари“, Германецот Себастијан Фетел и Финецвот Кими Раиконен.

Австриското Гран при на „Ред Бул Ринг“ во Спилберг ќе почне утре во 15 часот и 10 минути.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ