Бостон триумфираше против Милвоки

Кошаркарите на Бостон на стартот од полуфиналната серија на Истокот направија изненадување совладувајќи го Милвоки, бранителот на трофејот Голден Стејт поведе со 1:0 во дуелот против Хјустон.

Бостон го совлада Милвоки со 112:90, Кајри Ирвинг мечот го заврши со 26 поени и 11 асистенции, Ал Хорфорд додаде 20 поени и 11 скока, а на спротивната страна Јанис Адетокумбо имаше учинок од 22 поени и осум освоени топки под обрачите.

Голден Стејт ја искористи предноста на домашниот терен и славеше над Хјустон со 104:100. Кевин Дурент беше стрелец на 35 поени, Стеф Кари впиша 18 поени и седум скока додека Андре Игудала и Дрејмонд Грин постигнаа по 14 поени.

Во поразениот тим Џејмс Харден имаше 35 поени и шест додавања, а Ерик Гордон постигна 27 поени.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ