Бостон ја прекина победничката серија на Оклахома

Поради решавачкиот меч за титулата во НФЛ лигата во НБА се одиграа три натпревари. Во дербито на вечера Бостон успеа да ја совлада Оклахома, а Торонро славеше над Лос Анџелес Клиперс.

Бостон ја совлада Оклахома со 134:129 и ја прекина низата на противникот од седум последователни победи. Кајри Ирвинг мечот го заврши со 30 поени и 11 асистенции, Маркус Морис додаде 19 поени и седум скока, а Маркус Смарт беше стрелец на 18 поени.

На спротивната страна Пол Џорџ постигна 37 поени додека Расел Вестбрук со 22 поени, 16 додавања и 12 освоени топки под обрачите стигна до 19-от трипл дабл сезонава.

Торонто пред своите навивачи славеше над Лос Анџелес Клиперс со 121:103. Каваи Леонард постигна 18 поени, Серж Ибака впиша 16 поени и 12 скока додека Си Џеј Мајлс и Паскал Сиакам беа стрелци на 15 поени.

Во поразениот тим најефикасен со 19 поени беше Шај Александер, а  Лу Вилијамс имаше учинок од 18 поени и три асистенции.

И во последниот дуел Мемфис забележа победа од 96:84 во мечот против Њујорк.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ