Борисов: Делчев е бугарскиот Че Гевара

Нова порака од Бугарија околу Гоце Делчев, но со малку посмирен тон. Откако минатата недела недела бугарскиот премиер Бојку Борисов се заканите дека земјава ќе треба да направи компромис околу Делчев ако сака датум во октомври за ЕУ, денеска од економскиот форум во Пловдив со нова, но малку поумерена порака.

„Се надевам дека со колегите од Северна Македонија во нашата Комисија за историјата, најбрзо што може, да ги усвојат неопходните заклучоци, за да може да се почитува Договорот за добрососедство и се разбира максимално да продолжиме да ги поддржуваме за членството не само во НАТО, туку и во ЕУ“, рече Бојку Борисов, премиер на Бугарија.

Борисов притоа обраќајќи им се на бугарските новинари рече дека Делчев е цел на коментари, што според него е жално.

„Затоа што тоа е еден бугарски херој, кој сакал, кој се жртвувал, кој вложил се што има за слободата на Македонија. На истиот начин, еден Че Гевара, кој по националност е Аргентинец отишол да војува за слободата на Куба“,рече Бојку Борисов, премиер на Бугарија.

Условувањето од страна на Бугарија се очекуваше да биде една од темите на средбата  Борисов – Заев најавена за денеска во Пловдив, но која беше откажана, како што информираат од Владата, поради обврските на премиерот Заев во Собранието околу реконструкцијата на владата.

Сепак за Гоце Делчев и најавата за блокада од Бугарија ќе разговараат шефовите на двете дипломатии утре во Софија.

Димитров најави дека утре, во рамки на Црноморската иницијатива, ќе разговара со Захариева за ова прашање, која пак пред две недели рече дека ако не се постигне договор за Гоце Делчев, Бугарија ќе ја напушти Комисијата за историските прашања меѓу двете земји.

„Како соседи што потпишаа Договор за пријателство, кој допира и до многу деликатни и емотивни прашања за двете страни во смисла на историјата, убеден сум дека ќе најдеме начин низ почит кон другиот и пријателство да не ги загрозиме овие важни цели. И оти ќе најдеме начин тие не само да не бидат пречка, туку да бидат и промотор “, изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи.

Комисијата за историските прашања на почетокот од месецов не успеа да постигне согласност околу заедничкиот датум за чествување на Гоце Делчев, откако бугарската страна го отфрли предлогот на македонската тој да се слави на 7 октовмри, датумот кога во 1946 Бугарија и ги дала моштите на револуционерот Гоце Делчев на Македонија.

Тоа ги разгоре страстите и кај бугарските историчари, но и политичари, кои го сметаат овој датум за бугарско национално предавство.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ