Борис Џонсон доби син

Британскиот премиер Борис Џонсон (55) и неговата 23 години помлада свршеница Кери Симондс  утрово добија здраво машко дете.  Џонсон, кој туку што се опорави од КОВИД 19, и во понеделникот за првпат се врати на работа, присуствувал на пороѓајот.  Симптоми од корона вирусот разви и неговата свршеница, но нејзините беа послаби, иако таа самата напиша дека поминала цела недела лежејќи во кревет, загрижена за својата состојба.

Џонсон и Симондс се првиот невенчан пар во Даунинг Стрит 10. Новороденото бебе е прво дете за Симондс, а за Џонсон се знае дека е татко на пет деца.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ