Борба за три места во полуфиналето на ЕП по ракомет

На Европското првенство во ракомет во женска конкуренција што се одржува во Франција денеска се играат последните натпревари од главната рунда.

Освен селекцијата на Русија која на коло пред крајот го обезбеди настапот во полуфиналето за останатите три места ќе се води жестока битка во завршните дуели од главната рунда.

Во првата група најголеми шанси има Франција која вечерва се среќава со Србија, а во конкуренција се уште селекциите на Црна Гора и Шведска.

Во втората група неизвесноста е далеку поголема. Во пресрет на последната рунда Романија и Холандија се на водечките две места со по шест бода, но и тоа не е гаранција дека ќе се пласираат меѓу четирите најдобри.

Германија, Норвешка и Унгарија својата шанса ја имаат во денешните средби, а најлесна задача се чини има бранителот на трофејот Норвешка, која за противник ја има Шпанија.

Германија и Унгарија денеска играат против двете водечки репрезентации и директно решаваат за својата судбина.

Полуфиналните натпревари и мечевите за пласман ќе можете да ги следите низ директни преноси на програмата на Телма.

 

РАКОМЕТ ЕП ЖЕНИ – ГЛАВНА РУНДА

  1. КОЛО

 

ГРУПА 1

ДАНСКА – ЦРНА ГОРА                                   15:45 часот

ШВЕДСКА – РУСИЈА                                       18:00 часот

СРБИЈА – ФРАНЦИЈА                                     21:00 часот

 

ТАБЕЛА

1. РУСИЈА 4 4 0 0 111:92 8
2. ФРАНЦИЈА 4 2 1 1 98:90 5
3. ЦРНА ГОРА 4 2 0 2 101:104 4
4. ШВЕДСКА 4 1 1 2 100:102 3
5. СРБИЈА 4 1 0 3 103:104 2
6. ДАНСКА 4 1 0 3 99:120 2

 

 

ГРУПА 2

ШПАНИЈА – НОРВЕШКА                                               15:45 часот

УНГАРИЈА – РОМАНИЈА                                               18:00 часот

ХОЛАНДИЈА – ГЕРМАНИЈА                                         21:00 часот

 

ТАБЕЛА

1. РОМАНИЈА 4 3 0 1 111:101 6
2. ХОЛАНДИЈА 4 3 0 1 101:105 6
3. НОРВЕШКА 4 2 0 2 122:105 4
4. ГЕРМАНИЈА 4 2 0 2 111:110 4
5. УНГАРИЈА 4 2 0 2 108:117 4
6. ШПАНИЈА 4 0 0 4 101:116 0

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ