Бомбите кои ги објавува „Ел Чека“ не се истите кои ги има СЈО, тврди Јанева

Иако привремено го немаше на социјалните мрежи „Ел Чека“ повтороно се активираше на фејсбук каде објавува видеа за кои тврди дека се разговори на функционери од ДУИ. И додека бомбите се детонираат од различни страни, надлежните немаат одговор од каде протекле и што понатаму .

Бомбите на „Ел Чека“ не се дел од разговорите што ги има СЈО, тврди специјалната обвинителка Катица Јанева.

За прислушуваните разговори кои подоцна СЈО ги пронајде во подоцна отворените истраги или од преземни предмети, како оној за Захир Бекири Чауш, вели дека се уште се на вештачење.

Јанева денеска повеќе од два часа го презентираше 6 месечниот извештај на СЈО пред членовите на Советот на Јавни обвинители, кои според нејзините зборови биле задоволни од извештајот и работатата на СЈО и заедно констатирале дека што поскоро треба да се донесе законот со кој ќе се реши статусот на СЈО.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ