Болниците во Лондон преплавени од пацинети

Лондонските болници се соочуваат со „континуирано цунами“ на пациенти со коронавирус, а некои веројатно ќе ги надминат капацитетите за неколку дена, изјави Крис Хопсон, главен извршен директор на Национални здравствени услуги (НХС).

Хопсон рече дека болниците во изминатите недели за пет до седум пати го зголемиле капацитетот за нега на критични пациенти, но главните директори се вознемирени од брзината со која се пополнуваат креветите во главниот град.

Тој вели дека проблемите се зголемени и поради болест на здравствени работници, за кои се сомнева дека се заболени од Ковид-19, како и оној здравствен персонал кој припаѓа на најранливите групи, кои не доаѓаат на работа. Во одредени болнички капацитети бројот на персоналот е намален за 30 до 50 отсто.

„Тие се борат со експлозијата на побарувачка кај сериозно болни пациенти. Тие реагираат на бројот на пациенти што пристигнува, брзината со која пристигнуваат и колку многу се болни. Тие зборуваат дека им се случува бран, по бран, по бран заболени…Ситуацијата ја опишуваат како „континуирано цунами“. Како што ми рече некој, тоа е многу поголем, побрз прилив на пациенти од што можеш да замислиш“, изјави Хопсон.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ