Боки 13 повторно пренесен на клиника, судот треба да одлучи утре за притворот

Боки 13 денеска повторно бил однесен на скопските клиники, потврдуваат за Телма судски извори.

Од таму велат дека Бојан Јовановски бил однесен на клиника за дополнителни испитувања по претходно направен преглед.

Откако е притворен Јовановски веќе неколку пати беше носен на прегледи на скопсите клиники, жалејќи се на болки.

Тој е осомничен во случајот „Рекет“ заедно со Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

На Јовановски и Милевски на утре им истекува и вториот месец во притвор потврдуваат од Кривичен. Судот треба да донесе одлука дали ќе му го продолжи притворот дали ке го укине или ќе определи друга мерка но сеочекува утре како последен рабптен ден во неделата Кривичниот совет да донесе одлука. За сега од обвинителството за организиран криминал не испратиле предлог до судот каква мерка предлагаат за овие двајца осмоничени во Рекет дали ќе останат на истата или ќе има промени.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ