Боки 13-ка нема побарано обезбедување од МВР

Дилемата е разрешена. Боки 13 ка нема побарано обезбедување од МВР ниту пак му е одобрено. Вака одговараат од Министерството на изјавата на директорот на АВМУ кој обелодени дека поради тоа што има некакви сознанија, побарал министерството да му обезбеди информација.

Директорот на Агенцијата за медиуми во вчерашната емисија КОД не тврдеше туку изјави дека поради информации кои ги поседуваат, побарале министерството да им помогне во истрагата. Доколку Бојан Јовановски како што рече по објавувањето на емисијата Инсајдер, побарал државно обезбедување тогаш тој доказ ќе го искористат во постапката која веќе ја отворија. Бараат потврда на скриеното сопствеништво на медиумот што е забрането со закон. Боки 13 во неколку наврати на телевизијата изјавуваше дека е сопственик, па ако се докаже скриеното сопствеништво тогаш телевизијата се соочува со одземање на дозволата.

Агенцијата се обрати до МВР за да ги провери сознанијата дека на лицето Бојан Јовановски му било доделено обезбедување како на сопственик на 1ТВ. Како што и е познато на јавноста, регулаторот има започнато постапка за утврдување дали е прекршена законската одредба која забранува тајно содружништво. За да ја утврди фактичката состојба, Агенцијата се обраќа до релевантни државни органи кои би можеле да  имаат информација од значење за постапката, велат од Агенција за аудио и аудивизуелни услуги .

Во меѓувреме АВМУ се обратило и до Јавното обвинителство поточно до обвинителката Вилма Русковска. Со дописот побарале како и од МВР ако имаат докази за скриено сопствеништво на Боки 13 во 1 ТВ, да ги извести,без с отоа да се наштети на истрагата. . Инаку во емисијата КОД беше пренесена изјавата на директорот Зоран Трајчевски со која тој информираше дека има допис до министерството за потврда на неговите информации. Од министерството пак велат дека дописот бил испратен во петокот, а веќе денеска му одговориле. Сепак во АВМУ се уште е отворена постапката со која ќе се истражува дали Боки 13 е скриен сопственик на 1тв бидејќи во центалниот регистар не фигурира неговото туку името на неговиот татко и Јасна Ерцеговиќ.   

Билјана Николовска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ