Бојан Костов освои сребро на младинското ЕП во карате

Каратистот Бојан Костов е европски вицепрвак во кадетска конкуренција.

Костов загуби во големото финале, па мораше да се „утеши“ со сребрениот медал, но и ова е огромeн успех за македонското карате на првиот ден на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори во Алборг, Данска.

Тој на падот до големото финале победи во четири борби против каратисти од Холандија, Словачка, Италија и Германија. Во финалето беше поразен со убедливи 8-0 од русинот ахмед ахмедов. Во категоријата -64 килограми Стефан Стојановиќ го освои 5.место.

Утре ќе настапат јуниорите, додека во недела на татамите во Алборг ќе се појават и помладите сениори.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ