Богов: Би било опасно Народна банка да се остави без кормилар

Опасно би било Народна банка да остане без гувернер, тоа може целосно да ја загрози стабилноста на македонската економија, предупреди денеска првиот човек на монетарната власт, Димитар Богов, чии мандат истекува на 20 мај. НБМ има значајни функции, да ја одржува ценовната стабилност преку стабилноста на девизниот курс, а се грижи и за сигурноста на банкарскиот сектор. Сите што мислат дека НБМ може да функционира без гувернер или не се добро информирани, или, пак, знаат добро во што ја впуштаат македонската економија, бидејќи некои надлежности му припажаат исклучиво на гувернерот и не можат да се пренесат на никој друг. Да не заборавиме на 2015 и 2016 кога им се закануваа опасности на банкарскиот сектор и на девизниот курс, алармира Богов.

„Ако такво нешто се повтори, а такви шокови секогаш може да се случат, тогаш нема кој да ја донесе одлуката, бидејќи некои одлуки се исклучиво на гувернерот, одлуката за каматната стапка, за ликвидноста, за банкарскиот сектор, тоа се сериозни ситуациои кои би биле закани за стабилноста на целата македонска економија“, вели Богов.

Богов апелира до парламентарното мнозинство навреме да избере гувернер, кој и да е тој, само да е професионалец. Вели, тоа ќе биде согласно Законот за НБМ, кој е правен според европските стандарди и мора да покажеме европско однесување и да го испочитуваме. Во законот не е предвидено ниту НБМ да остане со в.д гувернер како што излезе од одредени кругови, и би било опасен преседан законот да се заобиколува или менува. Се уште се надева дека политичарите ќе ги стават интересите на граѓаните и државата пред партиските, и навреме ќе постигнат договор за нов кормилар на монетарната власт, само е потребна добра воља и отворен ум.

Други треба да кажат дали заслужувам уште еден мандарт, јас и мојот тим своето го кажавме во изминативе седум години, а резултатите се видливи за сите, вели Богов. Тој денеска за прв пат спомена дека покрај него, и фаворитот на ДУИ, Фатмир Бесими, има и други квалитетни кадри што би ја заслужиле оваа позиција.

„Мене ми е чест што претседателот Иванов имал доверба во мене и ме предлчожи за уште еден мандат. Самикот факт што ме предложи значи дека сум ја прифатил таа кандидатура. Но, доколку во овие полтички договарања не се постигне консензус, и покрај ние двајца што сме во фокусот, има и други квалитетни луѓе за гувернер“, вели Богов.

На вчерашната владина седница, пак, не се разговарало за предлогот на претседателот Иванов, од Владата повторно упатија на пратеничките групи.

НБМ, пак, денеска објави дека ја задржува проекцијата за раст на БДП за годинава до 3,2 проценти и за наредната година од 3,5 отсто, и покрај тоа што ММФ и Светска банка ги намалија прогнозите. Гувернерот Богов вели дека носечки фактори за растот годинава ќе бидат извозот, инвестициите и личната потрошувачка. Најголемиот надолен еризик, пак, е слабата реализација на владините капитални инвестиции, чија реализација е само 7 отсто во првите три месеци од 2018. Проекцијата за инфлацијата исто останува на два проценти, иако за наредниот период се предвидува раст на цената на нафтата и на храната.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ