Близнаците Анастасија и Габриел првите бебиња родени во 2020-та година

Близначињата Анастасија и Габриел се првите бебиња што се родија годинава во Скопје на клиниката за гинекологија и акушерство.

Министерот за здравство, Венко Филипче уште вчера информацијата ја објави на својот фејсбук-профил. Денеска, традиционално градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, министерката за труд Мила Царовска, заменик-министерот за здравство Арменд Арслани и директорката на ГАК Викторија Јовановска ја посетија мајката и првородените бебиња.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ