Блерта Поцеста, обвинетата за тројно убиство на сопственото семејство ќе сведочи во суд за убиството на Пино Секондо

Обвинителството денеска ја предложи Блерта Поцеста за сведок на судењето за убиството на Пино Секондо, за што се обвинети Ангела Ѓорѓиевска и избеганиот Али Фуркан.

И покрај противењето на одбраната на обвинетата Ѓорѓиевска, судот го прифати сведокот на обвинителството.

Поцеста е обвинета дека го извршила тројното убиство на своите најблиски. Обвинителството ја товари дека во август 2018-та со пиштол ги застрелала своите родители и малолетната сестра, по што со двајца пријатели ги сокрила трагите и заминала во Италија.

Блерта Поцеста и Ангела Ѓорѓиевска биле цимерки во иста притворска ќелија во затворот во Шутка, но подоцна биле разделени. Обвинителството тврди дека обвинетата за тројно убиство има сознанија и детали за убиството од разговорите кои ги имале додека биле во иста келија.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ