Блер: Само нов референдум може да ја надмине кризата со Брегзит

Само втор референдум за членството на Велика Британија во ЕУ, а не предвремени парламентарни избори, може да ја решат кризата околу Брегзит, изјави поранешниот британски премиер Тони Блер.

Британскиот Парламент вчера го отфрли предлогот на премиерот Борис Џонсон за предвремени избори. Џонсон, кој првично изјави дека не сака избори, првиот пат поднесе предлог за нивно оддржување откако парламентот, спротивно на неговите повици, го смени дневниот ред за итно разгледување на предлог законот што имаше за цел да го спречи излегувањето на земјата од ЕУ на 31 октомври без спогодба.

Во принцип не е правилно парламентарните избори да се поврзуваат со прашањето за Брегзит. Доколку Велика Британија спроведе избори во периодот на Брегзит, тогаш темите и прашањата што ќе треба да бидат споделени ќе бидат измешани. Борис Џонсон мисли вака: „Доколку почне да бара избори за време на Брегзит на луѓето ќе им каже дека тие или ќе добијат излез од ЕУ без договор или ќе го добијат лидерот на лабуристите Џереми Корбин за следен премиер. На крајот може да се најде во многу чудна ситуација, изјави Блер денеска во Лондонскиот кралски колеџ.

Според него, „за тоа (решението на спорот за Брегзит) неопходен е референдум … изборите се одржуваат за решавање на пошироки прашања”.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ