Бизнисот бара намалување на парафискалните давачки

Владата да се ангажира на намалување на сивата економија, и да се намалат парафискалните, скриени давачки кои ги плаќаат стопанствениците, и за нив претставуваат голем товар во работењето.

На традиционалниот заеднички појадок на Сојузот на стопански комори, бизнисот од премиерот и од економските министри побараа и да се забрза процесот на дигитализација. Или, вкупно 78 предлог мерки ССК испорача до Владата за тоа како да се подобри бизнис климата.

Од власта ветија дека сите мерки ќе ги разгледаат, а ќе си зададат и рокови кога на нив ќе биде одговорено.

Премиерот Зоран Заев најави дека една од мерките за борба со неформалната економија ќе биде повратот на 15 отсто ДДВ за граѓаните која ќе стартува од јули, како и наоѓање решение како фирмите да се мотивираат да го пријават кешот, или платата во плико која сега им се исплаќаа на вработените во форма на награди, што е неопходно за да се зајакнат фондовите за пензиско и инвалидско осигурување, иако сега не се открива каква точно ќе биде таа мерка.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев ги повика компаниите да аплицираат за државната помош од Планот за економски раст, а од буџетот за тоа годинава се на располагање 70 милиони евра, и да не се плашат дека со тоа би навлекле контроли од даночните власти.

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ