Битолската гимназија прослави 75 години од наставата на македонски јазик

Во овие училници пред 75 години се одржа првиот час на  македонски јазик во средно училиште во државата.

Од тогаш до денес, гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола е  синоним за традиција и квалитетно образование.

И по неколку генерации од голем број битолски семејства минале во средношколските клупи на Горната гимназија, како што ја нарекуваат битолчни.

-Јас, сестра ми, исто како и мојот татко учевме во Горната гимназија, значи мојата ќерка е веќе четврта генерација. Ние сме како вода, таму се камењата, професорите се тие, би им препорачала да ги чуваат науката, културата, образованието и нашиот македонски јазик, вели Цвете Димитриевска, универзитетски професор

Гимназијата е расадник на битолчани кои станале успешни во своите професии. Овде ученици биле мина народни херои,  18 академици. Традицијата на успешност и квалитет,  гиманзијата ја негува и денес.

-Секогаш сме прво или втро рагирани на државната матура, имаме гоем број признанија од областа на спортот, имаме ученици кои учествуваат на меѓународни, светски олимпијади по математика и природни науки и постигнуваат значајни резутати, вели Фанија Наумовска, директорка на гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола.

Професорите, велат, предизвик е да се пренесува знаењето на најдобрите ученици

-Да работите во една ваква гимназија со вакви ученици е голема чест, заради тоа што овде се бара посветеност, учениците тоа го бараат, вели

Мите Ристов, професор

Учениците  доаѓаат и заминуваат. Некои имаат желба да се вратат, но во друга улога.

-Матурант сум, жал ми е што ќе мора да се збогувам со ова училиште, но можеби ќе предавам овде еден ден, никој не знае каде ќе не однесе патот, вели ученикот Денис Синановски.

Оваа гимназија, сепак,  има подолга историја, затоа што образовниот процес започнал  пред 128 години, во турско време, потоа наставата се одвивала на српски и бугарски јазик, а на  6 февруари 1945 година за првпат во едно средно училиште во Македонија започнала настава на македонски јазик.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ