БИТОЛА ДОМАЌИН НА Ф4 ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Битола и оваа сезона ќе биде ракометен центар во завршницата од  домашниот Куп.На 18 и 19 мај во салата Младост,битолските екипи Пелистер и Еурофарм Работник ќе ја имаат поддршката од домашната публика против Металург и Вардар кој деновите треба да ја потврди позиција на Фајлн фор турнирот преку  четврфиналето со Металург 2,Борец или Металург Јуниор..Шампионскиот пехар во оваа конкуренција го брани Вардар кој лани во полуфиналето го совлада Металург а во финалето го надигра Еурофарм Работник.Инаку Вардар синоќа се доближи и до одбрана  на титулата во  Првенството на Македонија.Во Сц Јане Сандански,Црвено-црните му нанесоа тежок пораз на Металург од 37-18 и се оддалечија на 5 бодови од најголемиот конкурент после 5. Коло од Супер лигата.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ