Биното: Сезоната во Ф1 може да заврши и во 2021

Матија Биното, првиот човек на Ферари во Ф1 изјави дека тимовите се во постојана комуникација и прават обид заедно со  претседателот на Формула 1 Чејс Кери и со  ФИА што е можно побрзо да направат нов распоред.Во игра се неколку  опции ,трките да бидат поблиску една до друга, да има натпрвевари во јануари, како и откажување на тренинзите во петок.Кери претходно истакна дека очекува сезоната да започне во текот на летото, со ревидиран календар од 15 до 18 трки.Според правилникот на  Формула 1 потребно е  да се одржат најмалку осум натпревари  за шампионатот да се прогласи за важечки. Календарот за 2020 содржи 22 Гран При викенди а првите осум се откажани поради пандемијата на коронавирусот.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ