Без соодветна заштитна облека и во тешки услови работеле некогашните вработени во Охис

Првиот човек кој се врабиотил во погонот со линдан во Охис, Реџеп Ајраловски денеска е единствениот жив сведок. Вели го спасил животот на село , но деновите поминати работејќи со линдан биле неговите колеги 45 на број.

Без соодветна заштитна облека, во тешки услови во Охис работел и Киро Пешевски.  Од живата и хлорот со кои 34 години бил во директен контакт и денес има потешкотии во дишењето и мора да пие лекови.

Вработена во мензата на фрабриката која  не сакаѓе да зборува пред камерата на Телма вели дека тешко било дури и да се одржи и вегетацијата во дворот на Охис, од токсичната почва. Ни каажа и дека пред околу 40 години на еден систематски преглед сите вработени имале ист резултат – замастување на црниот дроб, заболување што може да е предизвикано од вдишување на хемиски супстанци

На протестот на стечајните работници од Охис не’ пречекаа многу приказни. Некои од нив ќе останат нераскажани затоа што нивните колеги ја изгубиле битката за живот како последица од работењето со опасни хемикалии во оваа фрабрика.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ